Брена решила да си дозволи луксузен имот во Будва од 50 метри квадратни. Како што дознава весникот Стар, таа веќе капарисала стан во најлуксузната зграда кај Стариот град, каде квадратот е 4.000 евра, што значи дека цената на имотот е 200.000 евра.
Фолкерката и нејзиниот сопруг Бобо Живојиновиќ секоја година поминуваат најмалку еден месец на црногорското приморје, каде што имаат закотвена јахта од 6.000.000 евра, која сега почнаа да ја издаваат за 65.000 евра.
Но, Боба не бил за купување недвижен имот, тој сметал дека тоа е џабе фрлање пари и дека таа е расипничка затоа што смета дека јахтата е сосема доволна и дека таму можат да останат како порано.
Сепак, Брена мисли дека направила добар потег.
-Брена секоја година има концерти на крајбрежје и сака целосно да ужива кога оди таму. Таа сака да поминува време на јахтата, но таа стана тесна. Сакала да пазари стан во зграда која е изградена минатата година, па сите богаташи се собираат да купат стан во неа. Пејачката имала ситуации со сопругот, тој сака да се опушти и да пие со друштво на јахтата, додека нејзе ѝ треба мир и одмор. Затоа решила да се почести и да си купи имот каде ќе може да оди кога сака, а го пуштила Боби да спие на јахтата, бидејќи тој ѝ рекол дека не му треба стан и дека му е доволна јахтата. Убавото нешто е што зградата е токму преку пристаништето од каде што е закотвена јахтата, па Брена може да скока до нејзиниот брод кога сака. Децата биле особено среќни што Брена планира да купи стан, но им објаснила дека тоа е нејзината оаза на мирот и дека таму нема да можат да прават забави – изјавил извор близок до фолк дивата за горенаведениот медиум и додал:
-Брена реши да изнајми стан на последниот кат, кој има голема тераса и прекрасен поглед на морето и Стариот град. И таа се заљубила во станот на прв поглед. Јас колку што знам тој стан е од 4.000 за квадрат и тоа со попуст.
Инаку, во склоп на зградата има и ресторан со прекрасна тераса на врвот со поглед на Јадранско Море, а тоа уште повеќе ја возбудило пејачката, па решила да го купи станот што поскоро, пренесува република.рс.