„Том Форд бјути“ (Tom Ford Beauty) објави дека актерката Анџелина Џоли ќе биде новото лице на нивната линија Runway Lip Color, која излегува на пазарот на 3 септември и ќе ја замени постоечката линија Lip Color.
Брендот ја сподели веста на своите социјални медиуми, со придружна фотографија од кампањата на која Анџелина е нашминкана со Runway Lip Color во нијанса 16 Scarlet Rouge.
Во соопштението тие потенцираа дека оваа соработка „обединува две легенди“.
Во соопштението за медиумите, Том Форд истакна дека новиот кармин Runway Lip Color ги храни усните благодарение на специјалната хидратантна формула и обезбедува богата, долготрајна боја. Линијата што излегува во септември вклучува 18 нијанси – 10 постоечки и 8 нови.
Цените ќе се движат од 46 долари за облоги за усни до 60 долари за кармини.
Целосната кампања, снимена од легендарните модни фотографи Мерт Алас и Маркус Пигот, ќе биде објавена на 3 септември.
Фотографии на следниов ЛИНК.