Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм упати поддршка за рокерската легенда Бора Ѓорѓевиќ, кој е хоспитализиран во Словенија.
„Драг Боро, легендо, држи се. Цела Србија е со тебе“, пишува на официјалниот инстаграм-профил на претседателот на Србија.
Бора е хоспитализиран поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест. Бора Чорба се наоѓа во болница во Љубљана, каде што живее со сопругата Дубравка.
– Состојбата на Боро е непроменета, тој е интубиран. На него не е интервенирано, тој лежи во болница. Белите дробови сè уште му се многу лоши, сите се надеваме на најдоброто – изјави денеска неговиот менаџер Бане Обрадовиќ.
Легендарниот рокер беше хоспитализиран пред неколку дена, во меѓувреме, состојбата му се влошила, прво бил приклучен на кислород, а потоа и на респиратор.
Објавата на Инстаграм може да ја погледнете на следниов Линк.