Словенија го повлекла контингентот на сливи од Србија, објавено е на веб-страницата РАСФФ, порталот на ЕУ кој дава информации за безбедноста на храната во ЕУ.
Како што е наведено на веб-страницата, сливите се повлечени поради поголемо присуство на инсектицидот Ацетамиприд, пишува Н1.
Максималната дозволена количина на овој инсектицид е 0,03 милиграми на килограм, а во сливите од Србија се измерени 0,10 милиграми на килограм.
Во петокот беше повлечена квотата за сливи од Србија.