Од ЕЛЕМ информираа дека денеска околу 12 часот Блок 1 на РЕК Битола околу 12 часот прекина со работа заради испад на 110 киловолтен далновод на АД МЕПСО. „Редовното и нормално функционирање на Блок 1 беше прекинато бидејќи во критичниот момент, постројката не можеше да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот беше исклучен“, соопшти ЕЛЕМ.
Од компанијата објаснуваат дека проблемот е предизвикан од далекувод на МЕПСО и нема врска со РЕК. Поради далеководот на МЕПСО, како што се додава, без струја истанале и неколку населби во Битола.
„Паралелно, без проблеми се одвива производството на електрична енергија од Блок 2 на РЕК Битола бидејќи постројката е поврзана со електропреносниот систем на АД МЕПСО преку друг, 400 киловолтен далновод. На Блок 3 во тек се ремонтни активности“, додаваат од ЕЛЕМ.
Инаку, ова е трет испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во преносната мрежа на АД МЕПСО во период од 40тина дена.
Стручни лица од РЕК Битола работат на надминување на состојбата и повторно ставање во функција на Блок 1.