Земјотрес на 12 километри североисточно од Стар Дојран е почувствуван изутрината во 7:09 часот. Потресот е регистриран од опсерваторијата во Солун со магнитуда од 2,6 степени. Длабочината на земјотресот бил 5 километри.
Граѓаните на Стар Дојран изутрината на социјалните мрежи потврдуваат дека почувствувале потрес.
Подрачјето околу Солун синоќа беше погодено од земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 40 километри источно од Солун.