СВР Штип поднесе кривична пријава против И.А.(43) и Е.А.(22), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „спречување на докажување“.
На 08.08.2024 во атар на село Селце, штипско, пријавените извршиле бесправна сеча на огревни дрва, а на 09.08.2024 со намера да го спречат докажувањето на кривичното дело, од кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Штип бесправно го одзеле тракторот, со кој претходно го извршиле делото.