Точно три месеци по завршувањето на двојните избори, Избирачките избори (ИО), како и членовите на Општинските изборни комисии (ОИК) се’ уште не се исплатени за нивната работа. Од ДИК велат дека се работи за над 36.000 граѓани, кои поединечно кои беа дел од ИО или ОИК. Луѓето, кои беа дел од овој состав, за двојните избори имаа значајни обврски, поради што ДИК одлучи надоместокот за членовите да го зголеми за 50 отсто.
Со одлуката, претседателот на ИО со најмалку избирачи ќе добие надомест од 16.000 денари за двата вида избори, а претседателот на ИО со најмногу избирачи ќе добие надомест од 24.000 денари за двата вида избори. Додека пак, членовите и заменик членовите на ИО ќе земат надоместок од 12.000 до 20.000 денари за двата вида избори.
Побаравме одговор од ДИК кога се планира исплатата на составите на избирачките тела, со оглед на тоа дека ребалансот на Буџетот е усвоен, а на сметката на Комисијата за оваа намена се очекува да бидат трансферирани 318 милиони денари.
„Во моментов се работи на подготовка на податоците од страна на сите ОИК за своите ИО и секако обврската на ДИК за нивна проверка, и откако ќе завршат сите административни процедури и проверки за преку 36 000 лица поединечно кои беа дел од ИО или ОИК, како и проверката и подготовката на финансиската документација, ДИК ќе ја изврши исплатата. Досега се исплатени онолку средства колку што беа доделени средства од државниот буџет за таа намена, на ДИК“, одговорија од Државната изборна комисија.
Ниту медиумите не се целосно исплатени за емитувањето на платениот политички маркетинг, иако според законот, парите требаше да ги добијат во рок од 30 дена по објавувањето на конечните резултати од изборите.
Медиумите до ДИК испратиле над 1000 фактури. За доставените фактури, државата си го наплати данокот, иако ДИК на медиумите им нема платено.
Со 32 милиони денари обезбедени со ребалансот ќе доисплатат овие фактури. Од ДИК потврдуваат дека медиумите се само делумно исплатени.
-Досега се целосно исплатени медиумите за првиот круг на претседателски избори.
Средствата кои се доделуваат на ДИК со ребалансот на државниот буџет се наменети, дел за медиумите за платеното политичко рекламирање, зошто пред изборите средствата ни беа скратени и при планирање на буџетот, но и откако беа доделени, еден дел од средствата беа повлечени пред распишување на изборите. Со ребалансот се надоместуваат овие средства и истите се однесуваат на медиумите и изборните органи, соопштуваат од ДИК.
За медиумите за платеното политичко рекламирање се очекува да се исплатат 10,2 милиони евра од државниот Буџет.

В.К.