Австрискиот мултимилијардер Ричард Лугнер почина на 92-годишна возраст.
Во последните неколку месеци се бореше со разни здравствени проблеми, па почина во својата вила во Виена.
Овој мултимилијардер беше познат по својот екстравагантен начин на живот. Само два месеци пред смртта, тој се ожени со својата шеста сопруга, 42-годишната актерка Симон Биенхен Рајландер. Двојката се вери во октомври минатата година, а потоа раскинале во декември. Набрзо се помириле и се венчале пред матичар, а планирале и црковна венчавка.
На свадбата во градското собрание во Виена имало 50 гости и 30 новинари. После тоа, првата брачна ноќ ја поминале во луксузен хотел.
„Имавме многу долга прва брачна ноќ. Подолго од свадбата и прославата“, изјавила актерката претходно.
Лугнер, чиј прекар е „Господин Бетон“, исто така беше во брак со Кристин Гмајнер 17 години. Потоа беше во брак со Корнелија Лауферсвеилер четири години. Неговата трета сопруга Сузан Дитрих почина на 34-годишна возраст поради компликации по козметичката операција на носот. Тој беше во брак со својата четврта сопруга Кристин Лугнер 16 години.
Австрискиот мултимилијардер често се забавуваше со познати личности, а друштво знаеја да му прават Ким Кардашијан и Парис Хилтон, пренесува кликс.ба.