Спортските портали пишуваат дека се распаднал еден од најхармоничните бракови во фудбалскиот свет.
Алваро Мората утрово соопшти дека се разделува со сопругата Аличе Кампело.
Ова лето, пишува Фудбал 24, беше полн погодок за Алваро Мората на фудбалски план, напаѓачот како капитен на Шпанија го подигна трофејот на Европското првенство, а потоа направи и трансфер во Милан.
Но, веднаш пристигнаа проблеми на приватен план,
Алваро Мората и Аличе Кампело се запознаа во 2016, кога фудбалерот настапуваше за Јувентус, во 2017 стапија во брак на церамнија во Венеција.
Од бракот имаат четири деца, близнаците Леонардо и Алесандро родени во 2018, Едоардо роден во 2020 и Бела родена во 2023 година.