МВР информира дека осуденик во затворот Идризово проголтал цело пакување пршкаста материја.
-На 11.08.2024 околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” – Скопје за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.