На 08.08.2024 во 23.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(69) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство”, информираат од МВР
-Претходно, во 17.30 часот тој бил пријавен од 34-годишник од гостиварско дека М.Д., заедно со Ф.М., на таткото на пријавителот во 2010 година на заем му дале поголема сума на пари, а потоа го принудиле да плати двојно поголем износ. Откако пријавителот го расчистил и платил долгот на неговиот татко, М.Д. и Ф.М. побарале уште пари за камата и му се заканувале. М.Д. е задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.