Познатиот актер Метју Пери починал како последица на консумирање кетамин. Кетаминот не му бил препишан од лекар, па полициската истрага се обидува да дознае кој му набавил кетамит на Пери во опасни дози, пишува „ The Sun“.
Тие кои на глумецот му го дале фаталниот кетамин би можеле да добијат затворски казни до четири години, вели адвокатот Тре Ловел.
Кога Метју Пери бил пронајден во хидромасажна када, тој веќе бил мртов, а според обдукцијата, смртта настанала поради кетамин и давање. Во моментот на смртта, тој имал исто ниво на кетамин во крвта како и пациент под анестезија.
Актерот со години отворено говореше за својата завиност, одеше на лечње против депресија, а во текот на лечењето добивал кетамин препишан од лекар.
Последен пат бил на терапија повеќе од седум дена пред смртта, а оваа врста на лек го напушта организмот неколку часа по консумирањето. Полицијата од Лос Анџелес истражува од кого актерот ја набавил дрогата, која на крајот му пресудила.
Иако неговата смрт се смета дека настанала како сплет на несреќни околности, сепак ќе биде подигнато обвинение.