Алма Купер е девојката што ќе ги претставува Соединетите aмерикански држави на изборот за Мис Универзум 2024 година, кој ќе се одржи во ноември.
Таа ја освои титулата Мис на САД за време на 73-тата годишна церемонија.
Алма е 22-годишна офицерка во американската армија и студентка на Универзитетот Стенфорд.
„Од мала сакав да прошетам на сцената како Мис на САД. Открив дека моите вештини и оваа заедница, љубов и поддршка – успеаја да ме направат подобра кандидатка. Како ќерка на работници-мигранти, горда афро-латиноамериканска жена и офицер во армијата на Соединетите држави, го живеам американскиот сон“, рече Алма, јави Си-ен-ен.