Кристијан Рахимовски, синот на легендарниот вокал на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски ќе биде гостин на годинашното издание на „Охрид фест.
Тој не смо за прв пат што ќе биде дел од фестивалот, туку и за прв пат ќе го посети Охрид и, како што вели ќе донесе емоции.
– Цел живот слушам за Охрид, ми зборуваше татко ми, таму имаше многу пријатели, се надевам дека некои и ќе запознам. Ова за мене е прилика уште повеќе да се поврзам со своите корени, затоа што го носам македонскиот ген. Срцето ми е полно, а дека премногу се радувам на доаѓањето, малку е да се каже. Благодарен сум за поканата на „Охрид фест“ и верувам добро ќе се забавуваме на фестивалот. Песната што ќе ја изведам се вика „Само љубав“ и во право време е…Татко ми сакаше да сум што повеќе на терен, да ме слушнат луѓето, но по 15 години постојано свирење, малку се изморив. Во 2019 излезе албумот „Стопала“, песната стана регионален хит, но Корона стопираше се. Во тој период останав без татко ми и без баба ми., доживеав страшен шок и ми требаше време да се повратам. Тага и болка во срцето мораше да се залечат за да почнам повторно да пеам и да го земам иструментот во раце. „Сузе небеске“ е песна која ме раздвижи а „Само љубов“ е повеќе од се, затоа што околу себе гледам луѓе кои ме сакаат, семејството, менаџерот, мојата издавачка куќа Croatia records…
На што ви асоцира Македонија- дали ја познавате нашата музика, храна, дали разбирате македонски? – За мене Македонија не е само земја, туку и внатрешен мир додека пеам. Тешко ми е тоа да го објаснам, но навистина сум благословен со тој ген. Дедо ми Мустафа Рахимовски беше професор на Академија во Ниш, предаваше сакксафон, татко ми Аки беше еден од најголемте пејачи на овие простори. Ги имам тие гени, пеам со леснотија, а немам никакво музичко училиште. Музиката ме обликуваше, иако не сакав да му се препуштам на тој свет… Јазикот слабо го зборувам, но доста разбирам, и често се гледам со пријателот Стефан Ристовски со кој неодамна бев на концертот на Влатко Стефановски во Загреб.
Летото го поминувате работно, каде ве наоѓаме?
– Моментално сум во студио каде го завршувам новиот студиски албум. Во одлично друштво сум, со фантастични музичари. Имам соработка со Дејан Николиќ, тој го потпишува последниот сингл и уште некои песни кои ќе се најдат на албумот. Тука е и продуцентот Срѓан Секуловиќ, со кој навистина уживам во соработка а не запозна Саша Драгиќ, мојот менаџер кој од Скопје внимава на секој мој чекор. Во ова мое турбулентно време тој се покажа не само како одличен автор чии песни допрва ќе се снимаат, туку ми е и голема подршка. Во него препознав пријател, кој искрено, без улижување кажува се. Полека градам приказна од луѓе и од песни. Тука е и Роберт Внук, кој соработуваше со Јосипа Лисац, „Плави оркестар“ и останати големи изведувачи, и кој неодамна се приклучи на тимот. Верувам во луѓето околу мене, во песните. Се разбира тука се авторите со кои соработувам од почетокот на карирата- Миро Буљан, Нино Нинчевиќ, Душан Бачиќ, Борис Ѓурѓевиќ, чии песни веќе излегоа како синглови..
Скоро е невозможно да не ве споредам со татко ви легендарниот Аки Рахимовски, фронтменот на „Парни ваљак“, поради фантастичен вокал, глас полн со топлина, емоциии. Баладите некако најмногу ви легнаа, дали најмногу ги сакате?
-Пеењето го научив низ стотици настапи, преку техники на дишење, дикција, диманика и сл. Работев со големи автори и ми требаа буквално 15 години за да научам да пренесам песна на вистински начин. „Постоји ли место“ и „Стопала“ беа пресвртница, тогаш ја сватив сериозната промена во себе. За мене баладите се нешто како чистилиште, премин, но во суштина ги сакам среќните песни што ги најавив со новиот сингл.
Дали планирате поактивна кариера кај нас?
– Македонија допрва ќе се запознае со мојата работа, огромна желба ми е да продолжам она што го правеше татко ми, и затоа ова не е само пазар туку и обврска. Освен тоа среќен сум што ги спојувам Хрватска и Македонија во себе си. Ќе дадам се од себе и многу верувам во музиката, во песните…
Фотографија:Dear Leader Joe