Секогаш сакаме да испробаме разни варијанти на најпознатите коктели.
Ако бараш идеи за летни коктели, а ја сакаш класиката, тогаш мохито со лубеница може да биде идеален коктел за тебе. Визуелно е атрактивен, питок и освежувачки, овој коктел ќе те освои на првата голтка.
На многумина мохитото им е еден од летните фаворити. Коктел во кој главна улога играат белиот рум и тоник, а сето тоа се надополнува со лимета, шеќер и нане и е одличен за опуштање и дружење. Тоа е освежувачки пијалок, дури и за оние на кој алкохолните пијалоци не им се фанови. Последните години благодарение на фестивалите на отворено, во мода е дојдена подобрата верзија на овој коктел. И понатаму румот е главен, но сега во секоја прилика може да се избира помегу обичното мохито и она со јагоди. Тој воодушевува на прва, со својот розе изглед, но и со слатко-киселкастиот вкус кој притоа не е нападен. Ако ти се допаѓа варијанатата со јагоди, тогаш можеш да пробаш и мохито со лубеница. Нема сомнеж во тоа дека ваквото мохито изгледа импресивно и е многу вкусен, а се подготвува за неколку минути.
За него ти е потребен блендер и уште неколку состојки.
Состојки
две големи парчиња лубеница
една поголема лимета
шест свежи листови нане
една лажица шеќер во прав
60 мл бел рум
60 мл мимерална или тоник вода
Подготовка
Подготви чаша од два децилитра и стави големи парчиња лубеница во блендер додека не стане со мазна структура
Добиената смесма процеди ја низ цедалка да добиеш чист сок од лубеница, а треба да се добие околу еден децилитар сок
Исцеди сок од една лимета, додај малку шеќер и листови од нане
Во измешаното додај 60 мл рум и сокот од лубеница, промешај и дополни го со малку мраз
Чашата дополни ја со минерална вода или со тоник и повторно измешај
Врвот на чашата украси го со парче лубеница или мента.