Британските велосипедистки го освоија златниот медал во екипен спринт со нов светски рекорд на Олимписките игри во Париз.
Британките настапија во состав Кети Мерчант, Софи Кејпвел и Ема Финукан и освоија злато со време на нов светски рекорд од 45.186 секунди.
Сребрениот медал го освоија натпреварувачките од Нов Зеланд со резултат 45.659 секунди.
Во дуелот за бронзата, германскиот состав беше поуспешен од Холандија со резултат од 45.400 секунди.