Вулканот Етна повторно еруптираше.
Огромен облак од пепел и чад го спречи слетувањето на авиони на аеродромот во Катанија.
Неколку летови беа пренасочени на аеродромите во Палермо и Комисо, бидејќи пилотите имаат проблеми со видливоста.
Еруптивниот облак достигна висина од 10 километри во утринските часови.
Медиумите пишуваат дека, ова е една од најсилните вулкански ерупции во последно време.