Се сеќавате ли на популарниот хрватски ктер Звонимир Рогоз, кој доби син на 92-годишна возраст. Неговата втора сопруга Агата била 56 години помлада од него, а кога го родила нивниот син Рафаел, се шушкало дека Рогоз не е биолошки татко на Рафаел. Неговата сопруга тогаш изјавила дека таквите озборувања доаѓаат од поранешните љубовници на нејзиниот сопруг, пишува јутарњи.хр.
На прашањето како станал татко на 92 години, Рогоз се пошегувал дека тој и неговата сопруга не внимавале. Рогоз влезе во Гинисовата книга на рекорди, а последната улога ја одигра на 100-годишна возраст – пред неговата смрт.
Две години претходно ги напиша мемоарите „Моите први 100 години“. Се школувал во Виена и Загреб и останал првиот стогодишник во актерската и театарската историја на Хрватска. Рогоз е роден во 1887 година во Загреб, а иако глумел до својата 100-та година, најдобро е запаметен по оваа приказна за татковството на 92-годишна возраст.
Беше познат како голем заводник. Починал на 6 февруари 1988 година на 101 година во родниот Загреб.
И на Балкан се случувале светски чуда.
Во подминати години татковци станаа и холивудските ѕвезди Ал Пачино и Роберт Де Ниро.