МВР информира дека денес со хелихоптер е транспортирано болно лице од Виена.
-Денеска (28.07.2024) со хеликоптер на Одделот за воздухопловни единици на МВР, опремен со медицинска опрема, и со медицински тим од ГОБ „8 Септември” беше реализиран успешен транспорт до Скопје на македонски државјанин кој беше на лекување во Виена, Австрија, информираат од МВР во кусото соопштение.