Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија, изнесе свој став во однос на иницијативата на ВРЕДИ за формирање Академија на науките на Албанцитево Македонија:
-Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.
Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои МАНУ како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен. Партнерите во власта од ВЛЕН е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки, рече Димитриевски.