На интернет кружи снимка од пејачот Влад Георгиев, кој, според публиката на концертот, задоцнил речиси два часа да се качи на сцената, а потоа едвај успеал да одржи рамнотежа и да ги испее своите песни, пренесува нова.рс.
Владо Георгиев наводно доцнел речиси два часа на сопствениот концерт, а кога конечно се појавил на сцената – публиката ја дочекало негативно изненадување.
Bauljam i ćarlijam pic.twitter.com/alWnwh3RLi
— Radosav Vrbica (@RadosaWrbica) July 28, 2024
Пејачот, како што може да се види на видеото, не може да одржува рамнотежа, се тетерави лево-десно, се обидува да отпее неколку стихови од неговите песни, а потоа почнува да се качува по скалите на бината пред да се сопне и за малку да падне.