Ејми Смит Марфи се шетала по плажата во државниот парк Корсон Инлет во Оушн Сити кога забележала необично шише на работ на водата.
Си помислив: „Ова е навистина необично. Што може да биде ова?“, изјави таа за Филаделфија Инквајер.
@asmythco Was it Captain Sam? #messageinabottle #fypシ゚viral @newspaperscom ♬ original sound – A Smyth Co
Откако направила некои истражувања, таа утврдила дека пораката во шишето најверојатно датира од 1876 година, што го прави најстариот пример за овој вид артефакт.
Најинтересна беше едвај читливата, рачно напишана порака во шишето која гласеше:
„Јахта Нептун кај Атлантик Сити, Њу Џерси. 6 август 1976 година“.
Еми верува дека „76“ значи 1876 година, кога била напишана пораката.
@asmythco Thanks for waiting – here’s the message! #messageinabottle #historytok Video Editing: @Blknwht_tech ♬ original sound – A Smyth Co
„Ни требаа околу 48 часа да дешифрираме што пишува, но ако го погледнете доволно долго, ќе почнете да ги гледате зборовите“, рече Ејми.
После тоа, таа почнала да го истражува шишето, кое го носи знакот на Barr & Brother Philadelphia, компанија која произведувала стаклени садови помеѓу 1870 и 1900 година.
Нејзиниот следен чекор бил внимателно да ја извади белешката од шишето, нејзината братучетка успеала со помош на шраф и пинцета.
@asmythco Did one of the Klemm brothers write the note? @newspaperscom #messageinabottle #mystery ♬ original sound – A Smyth Co
Сложувалката се уште не е завршена за Еми, па таа ја контактирала Гинисовата книга на рекорди за да се обиде да ја потврди нејзината теорија. Според Гинис, сегашниот рекорд за најстара порака во шише датира од 12 јуни 1886 година, а пронајден е во 2018 година на островот Веџ во Австралија, пренесува Вечерњи.хр.