Музејот на восочни фигури во четвртоткот ја откри бистата на пејачката Шинејд О’Конор , која почина минатиот јули на 56-годишна возраст, за да го почитува нејзиното наследство и влијание врз ирската музика и култура.
Музејот на восочни фигури во Даблин само по два дена ја повлекува фигурата на Шинејд О’Конор по низата критики од нејзиното семејство и јавноста. Многумина беа шокирани кога во четвртокот беше претставена восочната фигура. Музејскиот тим се состана во петокот наутро и одлучи да ја отстрани, признавајќи дека „може да изгледа подобро“, ветувајќи дека ќе создаде „поточна претстава“.
Sinead O'Connor's brother John tells Joe of his disappointment at the her wax figure. Paddy Dunning of the wax museum tells Joe it will be withdrawn pic.twitter.com/AhYQv1fajY
— Liveline (@rteliveline) July 26, 2024
Братот на Шинејд О’Конор, Џон, беше посебно остар, оценувајќи дека фигурата е страшна.
На Шинејд О’Конор, легендарната ирска рок пејачка најпозната по хитот од 1990-тите ”Nothing Compares 2 U” ја доби својата фигура една година по нејзината смрт.
Dublin’s National Wax Museum Plus has pulled its newly unveiled figure of Sinead O’Connor and promised to “create a more accurate representation” of the late Irish singer → https://t.co/G8lWxO1fA6 pic.twitter.com/S7w8yUlFEq
— CONSEQUENCE (@consequence) July 26, 2024
О’Конор издаде 10 студиски албуми во текот на нејзината кариера, од кои вториот, ”I Do Not Want What I Haven’t Got”, издаден во март 1990 година, продаден е во повеќе од седум милиони примероци.