Смешна сцена е снимена за време на свечената парада на спортистите на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз и тоа токму од нашата делегација.
При претставувањето нашата делегација се свртела на погрешна страна, па камерите ги снимиле одзади додека го вееја знамето и ги поздравуваа насобраните навивачи од чамецот.
Само нашите на грешна страна свртени 😂🤦 pic.twitter.com/ynfEYPYEgS
— Карамба Барамба (@karambabaramba) July 26, 2024
Утеха е што не се единствените, слична грешка направи и делегацијата на Луксембург.
Luxembourg and North Macedonia not being told the right way to face nooooo pic.twitter.com/5Eof1zOtYc
— Dale Cornish (@dalecornish) July 26, 2024
Од мостот Остерлиц до Трокадеро, 6.800 спортисти и 205 делегации, на 85 чамци, се спуштија по реката за време на парадата.