Во организација на Здружението на граѓани „Бигорски манастир“, а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, попладнево членови на Здружението со коњаница тргнаа кон Крушево.
Предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.
Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш.
Целта на ваквите настани, велат од Општината, е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по пример на храбрите македонски јунаци низ историјата.