Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје, вчера запленија осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија.
-Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite. Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива, информираат од Царина.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...