Полицијата информира дека на 23.07.2024 во 23.10 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Ј.(30) од Кочани, кој бил баран поради бегство од Казнено – поправната установа „Затвор Куманово“.
При лишувањето, тој физички нападнал полициски службеник и бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а по наредба на Основен суд Кочани Д.Ј. е спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.