Уникатниот kомплекс Голд Фелициа кој се наоѓа во Битола и кој во својот состав опфаќа ресторан, кабаре, хотел и казино со свечена атмосфера и во луксузен амбиент го прослави својот трет роденден.
Настанот, кој се одржа на 17 јули привлече бројни гости и остави незаменлив печат со својата енергична атмосфера и богата програма.
Прославата на роденденот започна со свечен говор со кој се поздравија присутните и им се изрази благодарност на вработените, клиентите и соработниците за поддршката и довербата што безрезервно ја даваа цели три години. Во говорот беше спомнато дека Фелициа не е само обичен комплекс – тоа е место каде што луксузот и удобноста се среќаваат со иновациите и уметноста. Со врвни услуги, првокласна гастрономија и уникатни настани, Фелициа стана симбол на препознатливост, квалитет и ексклузивност во Македонија.
Името на Голд Фелициа стана бренд не само во Битола и Македонија туку и пошироко во регионот бидејќи овој комплекс го има единственото Кабаре Шоу во Македонија кое претставува вистински уметнички “дијамант” кој спојува музика, танц и театарски сцени. Со над 320 одржани настапи, Кабаре Шоуто на Голд Фелициа со специјално селектираниот тим на професионални танчери облечени во уникатно дизајнираните костуми на Папаз Студио низ оригиналните кореографии и музички перформанси им овозможува разгалување на фантазиите на своите гости и обезбедува единствени релаксирачки моменти за секој поединец.
Летната сцена на Голд Фелициа светна во полн сјај со изведбите на реномираните македонски уметници групата ДНК и пејачот Лозано кои со својата енергија и мелодичност направија атмосфера за паметење.
Музиката, осветлувањето, позитивната енергија и шармот на гостите направија вечерта да биде вистински спектакл кој долго ќе се памети.
Трите години постоење на Фелициа се доказ за посветеноста и страста кон создавање на уникатни искуства за верните посетители.
Третиот роденден беше прекрасна можност да се соберат верните гости и пријатели на Голд Фелициа и да го прослават успехот што заеднички се постигна. Тимот кој стои зад успешната приказна на Голд Фелициа е благодарен на сите што беа дел од успешното 3 годишно патување на самиот комплекс и со нетрпение очекуваат уште многу години заеднички успеси.