Штип попладнево се стемни од чад, а граѓаните кои се обратија до нашата редакција се пожалија и дека многу мириса и нема воздух.
-Сега веќе е темно и не може толку да се забележи, но до пред малку се гледаше зачаден градот. Излегов до надвор и почнав да кашла, мириса и нема воздух, ни рече загрижен жител на Штип.
ММС се обрати до Центарот за управување со кризи, од каде ни рекоа:
-Во Штип нема пожар, но тој чад доаѓа од големиот пожар на планината Серта кој беснее со денови, информираат од ЦУК.
-Денес беше многу тежок ден. Во Македонија имаше 29 активни сериозни пожари, од кои изгаснати се 18. Дождот помогна дел од пожарите да бидат изгаснати и тоа на планината Серта, кај селото Колагево, и зад селотот Драгоево во насока на Криволак. Потоа во Конче и кај Ново Село на планината Огражден, до границата со Бугарија. За жал се уште имаме активни жаришта на средината на планината Серта и утре рано ќе се фокусираме на нив, рече Ангелов и додаде:
-Утре ни остануваат неколку серизни пожари како и овој последниот од Битола, кој се движи кон Пелистер и се заканува на зимзелените дрвја. Имаме сериозни пожари има кај Градско, Росоман, Чашка и Солунска Глава, но и Зелениково и Студеничани. Денес имавме критиќна ситуација кај Веес, поради пожарот ќе експлодираше гас, но благодарејќи на пожарникарите е спречено, рече Ангелов.
–