Пожарот Селце – Драгоево (Хаџи Реџепли ) на кракот Селце-шоуба (АБХО полигон) со зголмување на температурите и појава на ветар дојде до разгорување и префрлување до трасата на гасоводот, информира попладнево ЦУК.
„На еден дел беше сопрен од страна на ТПППЕ-Штип меѓутоа на друг дел има префрлено преку трасата и се слуша пукање на муниција. Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муниција и густ чад истите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ке продолжаат со гаснењето на пожарот.Од градоначалникот на град Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење пресеци“, се вели во информацијата од ЦУК.