ФБИ објави официјална фотографија на Томас Метју Крукс, кој стои зад обидот за атентат врз Доналд Трамп на денешниот митинг во Пенсилванија.
Засега има малку официјални информации за него. ФБИ го идентификуваше седум часа по обидот за атентат. Дваесетгодишникот е од Бетел парк, Пенсилванија.
Тајната служба само накратко соопшти дека го „неутрализирала напаѓачот на митингот“.
„Волстрит џурнал“ објави дека истражителите пронашле експлозивни направи во автомобилот на Крукс.
Автомобилот бил пронајден во близина на местото на митингот во Пенсилванија.
Американските медиуми пак пишуваат дека Томас Метју Крукс неодамна дипломирал на средното училиште во Бетел Парк.
Според NBC, Крукс бил еден од дванаесетте студенти наградени со наградата за математика и наука таа година. Неговиот соученик од средно училиште, Џејсон Колер, го опиша Крукс како осамена личност која доживеала често малтретирање за време на средното училиште.
Toj бил познат по тоа што бил самотник и се соочувал со малтретирање за време на неговите училишни години. Често бил облечен во ловечка облека и затоа бил исмејуван.
Работел во дом за стари лица на неколку минути од неговото живеалиште.