На социјалната мрежа Фејсбук и на страницата за Хуманитарни акции во Македонија осамна видео од изнемоштен штрк кој паѓа на земја и колабира поради топлото време.
На видеото се гледа како еден од жителите му дава вода на штркот и го освежува по пердувите по што тој се освестува.
Спасувачот на штркот, според објавата, е Мики Станојковиќ од Богородица, гевгелиско.
„Апел до сите да оставаат канчиња каде што нема река, извор или чешма“, се вели во објавата на Фејсбук.
Видеото може да го погледнете на следниов ЛИНК.