Малолетните лица кои попладнево биле најдени во куќа во Скопје во безсознание се на возраст меѓу 14 и 17 години. Тие, како што информиравме претходно, се хоспитализирани на Токсикологија.
Според изјава на директорот на клиниката Андон Чибишев децата биле донесени со пореметена свест и бројни повреди по телото.
Малолетниците се хоспитализирани и се преземени мерки за реанимација.
Во моментов двајца од нив се на Токсикологија со подобрена општа состојба, додека другите двајца се во потешка состојба и се испратени на дополнителни иследувања кои треба да се анализираат, вели Чибишев за порталот Курир.