Поради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО, надвор од функција е РЕК Битола, соопштија од службата за односи со јавност од подржницата на Рударско – енергетскиот комбинат „Битола“ при АД ЕСМ.
-Околу 15:45 часот дојде до прекин на напојувањето, по што од мрежа испадна Блок 1 на РЕК Битола. Прекинати се и пуштачките операции на Блок 3 кои беа во тек, а по чие завршување во функција требаше да биде ставен и овој блок, се наведува во соопштението.
Стручни лица од РЕК Битола веќе работат на надминување на состојбата и ставање на комбинатот во функција.