На социјалните мрежи се појави видео од надзорна камера во дом за стари лица на кое се гледа како баба(92) ја прескокнува металната ограда висока два метри и сето тоа во рок од 24 секунди, пренесува ало.рс.
Бабата е во дом во кинескиот град Шандунг, била наводно болна од Алцхајмерова болест.
Интересно, во видеото, жената покажува изненадувачка умешност и решителност, не покажувајќи слабост или нестабилност при скокањето на оградата.
Откако вработените во домот за стари лица забележале дека жената ја нема, веднаш била започната потрага.
На кинеските мрежи може да се прочита дека четири автомобили интензивно ја пребарувале областа во потрага по исчезнатата жена. Конечно, старицата била пронајдена и безбедно вратена во домот. Овој настан предизвика големо внимание во јавноста, особено поради фактот што жената успеала да побегне и да прескокне висока ограда и покрај нејзината возраст и наводната болест, пишува телеграф.рс