Со укажување за драстично зголемување на цената на струјата на слободен пазар реагира Единствениот снабдувач со струја, кој информира дека набавката во вечерните часови е по многу повисока цена. Всушност, денешниот ден урива рекорди во цените на берзата ХУПЕКС во Унгарија.
Вечерва во еден период од 850 евра за мегават час, цената на струјата „скока“ на 940 евра. Веќе пишувавме дека со зголемувањето на температурите во Европа, а особено во регионот, значајно пораснаа цените на струјата на светските берзи, меѓутоа, вакви рекордни како денеска, не се регистрирани.
Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) неодамна имаше најави дека е можно воведување на уште еден час евтина струја поради вишоците што се создаваат со поставувањето на голем број на системи за искористување на сончевата енергија.
Додека се прават анализите, деновиве цената на струјата отиде „до небо“.