Викендов по дваесетти пат ќе се одржи фестивалот „Ја сакам Плачковица“ кој и оваа година ќе понуди автентична програма.
Еден од организаторите на настанот, Милорад Ангелов вели дека ќе понудат различни дисциплини, меѓу кои и спортско качување, детска трка, но и влегување во пештери.
Ангелов најави и Плачковица треил трка во должина од 18 километри со висинско качување од 750 метри, а за најдобрите ќе има и награди.
В недела од 13 часот на програмата ќе биде open day качување на вештачка карта за почетници и авантуристи.
Како и секогаш, и ова јубилејно издание на фестивалот ќе биде одбележано со настапите на повеќе групи од штипската рок сцена.
На овој настан ќе се одржи и новата дисциплина „Виа ферата“ на врв „Лисец“ на планината Плачковица. Интересот за овој спортски фестивал е голем, а самиот настан ќе биде заокружен во недела од 21 часот со заедничко следење на финалето од Европското првенство.