Би Би Си јави дека е уапсен мажот кој се бараше во врска со убиството на три жени во напад со самострел. Станува збор за 61-годишната сопруга и двете ќерки на коментаторот на BBC Џон Хант. Ќерките се на 28 и 25 години.
Во соопштението на полицијата во Хертфордшир се вели дека Клифорд бил пронајден во Енфилд, блиску до имотот кој беше претресен претходно истиот ден .
Соседите велат дека синоќа слушнале страшни крици од куќата во која биле пронајдени жените, а не долго потоа целата населба била блокирана од полиција која трагаше по човек, кој е идентификуван како Клифорд .
Кајл Клифорд (26), за кој се претпоставува дека служел во британската армија околу една година, беше именуван како осомничен од полицијата во Хертфордшир по смртта на Керол Хант (61) и нејзините две ќерки Хана (28) и Луиз (25).
На прес-конференцијата, началникот Џон Симпсон од полицијата во Хертфордшир им рече на новинарите дека се сомнева дека убиствата биле „целни“.