Британски медиуми објавија дека шкотскиот премиерлигаш Данди Јунајтед е сериозно заинтересиран за македонскиот фудбалер Давид Бабунски.
Поранешниот капитен на младинската репрезентација на Македонија минатата сезона ја помина во унгарскиот Мезоковезд, но летово би можел да направи нова преселба.
Бабунски потекнува од школата на Барселона, настапуваше за Дебрецен, Ботошани, Црвена Звезда и Виторул Констанца, а исто така играше и кај сегашниот тренер на Тотенхем, Анге Постекоглу, кога беше предводник на Јокохама Маринос.
За сениорската македонска репрезентација има вкупно петнаесет настапи.