Лошата атмосфера во СДСМ се прелеа на социјалните мрежи.
Денес екс градоначалникот на Скопје и член на ИО на СДСМ, Петре Шилегов испрати остри пораки до Миле Зечевиќ, генералниот секретар на СДСМ, кој е во остава.
-Дечкото од Серава, што мисли дека е “булдужер” од Вардар …Допрва следи “римув” ….“, напиша Шилегов на „Фејсбук“.
Зошто Шилегов се налутил на Зечевиќ не е познато, но според она штол тој го објави на Фејсбук станува збор за исклучување на Шилегов од некоја група.