Стојне Николова не престанува да ја изненадува јавноста со својот глас и песни кои допираат буквално до сечие срце. Токму една таква е и песната „На две страни”, која својата премиера ја имаше овој викенд.
Стојне за овој проект, односно песна, ќе каже дека е емотивна балада со интересна тематика која со сигурност ќе допре до публиката, баш онака како што допре до сите оние кои работеа на истата.
„На две страни” доби и фантастичен видео запис реализиран од Арт продукција, а кадрите се снимени во Германија и Македонија.
И на овој проект исто како и на сите претходни, Стојне работеше со веќе проверен тим. Како автор на текстот се потпишува Орце Зафировски, музиката е на Борче Димитров, а аранжманот на Бобан Мојсовски.
Во една прилика Стојне Николова кажа дека ова е само мал дел од сето она што следи од неа во иднина и тука не застанува. Веќе е затворена во студио каде што работи на новите проекти кои јавноста ќе има можност да ги слушне наскоро.