Викендов по 61. пат ќе се одржи манифестацијата „Галичка свадба“. На денешната прес конференција, кој се одржа во „Пивара-Скопје беа објавени деталите и правилата во текот на манифестацијата.
-Заради подобра организација неопходно е да има куќен ред и правила на одлагање отпад и сообраќај. Сообраќајниот режим ќе биде изменет. Паркирање во селото не е дозволено од петок до недела. Сообраќајот низ Галичник ќе биде забранет и тоа во петок од 21 чсот до еден часот по полноќ, во сабота од 18-22 часот и во недела од 7.30-до 15 часот. Соопбаќајот може да биде затворен и надвор о овие термини ако за тоа има потреба. Неправилно паркираните ќе бидат отстранети со пајак служба и возилото ќе си го најдат на километар од селото, рече Александар Костиќ од МЗ „Галичник“.
Сликовитите падини на планината Бистра и импресивниот Галичник повторно се сцена на која ќе бидеме сведоци на уникатните свадбарски обичаи и ритуали, богатиот колорит на народните носии, изворните песни и автентичните ора карактеристични за овој дел од нашата земја. Посебното внимание на љубопитните посетители ќе биде свртено кон галичката невеста Стефана Димитрова, која е по потекло од Галичник, и кон младоженецот Даријан Кочоски, кои судбоносното „ДА“ ќе го кажат в недела на 14 јули. Годинешната невеста Стефана, преку своите родители, потекнува од познати галички семејства, а и двајцата млади и досега биле учесници на Галичка свадба.
Традиционално, почетокот на свадбениот обред, вечерта в сабота, 13 јули, ќе го означи побратимот со „фрлање“ на три пушки и со виорење и поставување на свадбениот бајрак. Вечерта продолжува со останатите обичаи – пречек на тапаните, кои два дена ќе ечат низ Галичник, свекрвиното оро, а членовите на НУ „Танец“ ќе го одиграат симболичното „Тешкото“. Секогаш импресивна е и глетката кога сватовите со борина в рака ќе ја носат девојката да наполни вода на три чешми кај опеаната „Упија“.
Денот на венчавката, недела, 14 јули, ќе го обележат атрактивните свадбени обреди и обичаи, меѓу кои таканареченото канење на мртвите, канењето на кумот, бричењето на зетот, бодинењето, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето и други обичаи. Ѝ годинава пејачка група ќе ги изведува подзаборавените обредни песни. Венчавањето на младенците ќе се изврши во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, а свеченоста ќе заврши со испраќањето на тапанџиите и зурлаџиите.
Покровител на манифестацијата е претседателката Гордана Силјановска-Давкова, а поддржувач е Министерството за култура.
Партнер е „Пивара, која годинава слават два јубилеи, 50 години соработка со „Галичка свадба“ и 100 години „Скопско“.