Синовите на познатиот бизнисмен и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев – Огнен и Ангел го купија едно од најпознатите приватни друштва од Свети Николе и Овчеполието, фармата Ерџелија, која во иднина ќе биде претворена во земјоделско-енергетски комбинат и припоена кон биогасната електрана во Сарамзалино, пренесува фактор.мк.
Огнен Анѓушев и Ангел Анѓушев, заедно со охриѓанецот Кирил Спасески, со чие семејство Кочо Анѓушев е во партнерски однос во инвестирањето во првата биогасна централа во Сарамзалино, од крајот на минатиот месец се нови сопственици на фармата, на местото на познатиот земјоделец Никола Петковски.
Од тимот кој го застапува Анѓушев во односите со јавност ни рекоа дека на земјиштето ќе продолжат инвестициите во примарната дејност, житни култури, но сега од нив ќе се прави погонско гориво во биогасната електрана, каде заедно со органскиот отпад ќе се прави електрична енергија од биогас.
Целиот текст може да го причитате ТУКА.