МВР информира за сообраќајка во близина на Охрид, каде загинал мотоциклист.
-На 07.07.2024 во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост” на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес” со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки” без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи. Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информираат од МВР.