Во очекување на официјалeн извештај од МВР за убиството кое вечерва го потресе Тетово пренесуваме информации што од теренот ги јавува ТВ 21.
Како што јави телевизијата вечерва во Тетово кај местото Мема убиен е маж со иницијали Р.Т., на возраст од околу 40 години.
На местото на убиството пристигнала Брза помош и полициски службеници, а се очекува увид и од обвинител.