Генералниот секретар на Собрание, Цветанка Иванова си поднесе оставка. Иванова и нејзиниот Василевски поднеле оставки на своите функции на 1 јули.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која на дневен ред, меѓу другите точки, се утврдување на предлог-одлуки за именување на генерален секретар и заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија.
Во оставката адресирана до претседателот Африм Гаши таа напишала:
Врз основа на член 121 од Деловникот на Собранието ве известувам дека поради лични причини поднесувам оставка на функцијата генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија. Истовремено ве известувам дека нема да го искористам моето деловничко право и да ја образложам оставката, напишала Иванова.
Со истото образложение оставка дал и нејзиниот заменик Бојан Василевски.
Пред една година беа избрани 25 нови судии – меѓу нив деца на обвинителки, снаата на Иванова, сопругата на Муцунски.