Тринаесетгодишната Ања е конечно дома, по 56 дена.
„Ова е најсреќниот ден за сите нас“, вели Јелена Белошевиќ, мајката на малата Ања која на осми мај беше тешко повредена кога се откачи рингишпил во Куршумлија.
„Првите пет дена беа катастрофални, тоа беше ноќна мора. Не знаевме кога е ден, кога е ноќ. Фала му на Бога, Ања застана на нозе, сѐ уште не може да оди добро, но може да направи неколку чекори. Успеа и да прозбори, макар што сѐ уште зборува полека“, раскажа Јелена за српските медиуми.
Таа рече дека никогаш не изгубиле надеж.
„Конзилиумот одлучи дека можам да влегувам кај неа додека беше во вештачка кома, со цел да предизвикаме реакција. Тогаш кога се будеше јас имав маска. Ме погледна и ми рече – ти личиш на мојата мајка. Јас ја тргнав маската, бидејќи знаев оти мисли дека сум медицинска сестра. Потоа се насмеа“, додаде Јелена.
Таа се надева дека нејзиното девојче целосно ќе може да се врати на својот претходен живот.
„Вие не знаевте каков пекол преживеавме во овие 56 дена. Никому не би му посакала такво нешто, но сега е сѐ добро. Опоравувањето ќе трае, но сѐ ќе се врати на старо“, истакнува мајката на Ања.
За потсетување, таа се здоби со тешки повреди откако на панаѓурот во Куршумлија излета дел од конструкцијата на рингишпил. Ања го прослави тринаесеттиот роденден во болница, а сега конечно дојде во својот дом.
Извор: informer.rs