Во пресрет на формирањето на новата Влада, пред читателите на ММС, беше анкетата со прашањето: Што прво треба да направи новата Влада и Премиерот?
Граѓаните се поделија меѓу три предлози и речиси да нема разлика меѓу предлогот да ги стават во функција операционите сали и набави нова компресорска станица (32%), Да ја поднесе првата пријава за корупција (29%, ) и Да ја укине мрежарината од сметките за струја (29%).
Само 6 отсто сметаат дека премиерот треба да одржи средба со грчкиот премиер Мицотакис за Преспанскиот договор , а 5 отсто одговориле дека првото нешто с кое треба да се зафатат премиерот и новата влада е да го решат проблемот со нефункционалните авиони за гаснење пожари (5%).
Новата анкета на ММС е со прашањето:
Што прво и чија работа очекувате да се преиспита?
1.Договорот со Бехтел и Енка
2.Работата на Зоран Заев
3.Набавката на вакцини за време на пандемијата
4.Јавните набавки со компанијата Пуцко Петрол
5.Работата на Артан Груби.