Радио Канал 77 стигна и до Шпанија. Откако слушатели од Финска во писмена порака известија дека успеале да ја слушнат оваа македонска радио станица, слична информација стигна и од Шпанија.
Во кусата порака испратена од радиоаматерот, Артур Фернандез Љорела се вели дека сигналот на Канал 77 стигнал дури до Каталонија на 20 јуни во 17:58 часот по локално време.
„Како што може да претпоставите јас уживам да слушам радио. Јас имам хоби наречено DXing што подразбира слушање радио. Секогаш уживам да слушнам некоја нова радио станица и тогаш им пишувам на радио станиците за потврда, по што снимката ја додавам на мојата колекција“, посочува Фернандез Љорела.